МРТ одлучи да не учествува на „Евровизија 2024“
06.12.2023 10:40
Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска.
Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година.
МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.