Е- трговија

Формирана Балканска Алијанса за е-трговија, Нина Ангеловска избрана за претседател

06.12.2023 10:54

Ангеловска заедно со тимот на АЕТМ како прв претседател ќе ја предводи работата во првата година. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е воедно прво формирана асоцијација во регионот, со најголемо искуство и подготовеност, а изборот на Ангеловска го поддржаа сите Асоцијации.

Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска Станков, беше изгласана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија (анг. BECA - Balkan eCommerce Alliance).

Ангеловска заедно со тимот на АЕТМ како прв претседател ќе ја предводи работата во првата година. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е воедно прво формирана асоцијација во регионот, со најголемо искуство и подготовеност, а изборот на Ангеловска го поддржаа сите Асоцијации.

Формирањето на Балканската алијанса е поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа - Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), поддржан од Германија и ЕУ, во чии канцеларии беше потпишан меморандумот.