Прилеп

Работилница против насилство врз жени и девојчиња

06.12.2023 11:40

Поригорозно санкционирање и подигнување на свеста за борба против сите видови насилство врз девојчињата и жените. Стигмите од околината и економската зависност сè уште присутни за пријавување на насилствата, особено семејното, иако бројките на пријавувања се намалени.

Економската зависност, срамот од околината и давањето втора шанса на насилникот сè уште се стигми за да се пријави семејното насилство врз девојчиња и жени, анализираат од прилепскиот Центар за социјални работи. Годинашната бројка на пријавени 89 случаи е помала во споредба со последните две години, а надлежните веруваат дека успешно дејствуваат.

Во 30 случаи до судот се поднесени пријави за изрекување предлог мерки за заштита од семејно насилство.

Законот е нов, ги опфаќа сите области на насилството за санкционирање. Недостасуваат шалтер центри, а видовите насилства подеднакво демнат, заедно со електронското.

Прилеп активно се вклучува во кампањата 16 денови активизам против насилството.

Со едноминутно молчење, учесниците во работилницата против насилство и оддадоа почит на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

 

Елизабета Митреска