Зеленски „лут“ на САД, откажа обраќање во конгресот
Украинскиот претседател Зеленски неочекувано го откажа закажаното обраќање пред Aмериканскиот конгрес. Се поизвесно станува дека причината за тоа е застојот на американското финансирање на Украина.

Украинскиот претседател Зеленски неочекувано го откажа закажаното обраќање пред Aмериканскиот конгрес закажано за вечерва. Се поизвесно станува дека причината за тоа е застојот на американското финансирање на Украина. Претходно шефот на штабот на Зеленски, Андриј Јермак предупреди дека се во опасност од губење на војната против Русија доколку САД не одобри дополнителна помош за Киев.
Во исто време, продолжија руските интензивни напади со беспилотни летала врз Украина. Одбраната тврди дека успеала да собори 41 од 48 дронови. И натаму најголемите битки се водат на истокот од земјата која денеска го одбележува денот на украинската армија.
