Романија

Прогласена епидемија на сипаници во Романија

06.12.2023 11:52

Романското Министерство за здравство, прогласи епидемија на морбили откако земјата регистрираше скоро 2.000 нови случаи.

Романското Министерство за здравство, прогласи епидемија на морбили откако земјата регистрираше скоро 2.000 нови случаи во 29 од нејзините 41 округ.

Властите сметаат дека новонастаната ситуација ќе ги предомисли антиваксерите и ќе помогне да се зголемат стапките на вакцинација кај децата.