Иран

Иран лансираше капсула со животни во вселената

06.12.2023 11:58

Капсулата која тежи половина тон била лансирана со помош на ракета-носач...

Иран лансираше капсула со животни во вселената како подготовка пред испраќањето астронаути во наредните години. Капсулата која тежи половина тон била лансирана со помош на ракета-носач.

Надлежните не соопштија колку и какви животни патуваат во вселената.

Ова е второ вакво лансирање на Иран откако пред 10 години беа испратени и безбедно вратени два мајмуни од вселената.