Македонија

Петок е неработен ден за сите граѓани

06.12.2023 12:08

8-ми декември (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија...

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 8 декември 2023 година (петок), „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот „Св. Климент Охридски“.