Власта и опозицијата со различни реакции по апсењето на Палевски
Според СДСМ, Министерството за внатрешни работи покажало професионалност и посветеност на високо ниво за целосно расветлување на монструозното злосторство. ВМРО-ДПМНЕ очекува истрагата да се прошири.

Власта и опозицијата со различни реакции по прес-конференцијата на МВР, на којашто министерот Спасовски потврди дека Палевски е уапсен во Турција.
Според СДСМ, Министерството за внатрешни работи покажало професионалност и посветеност на високо ниво за целосно расветлување на монструозното злосторство.
ВМРО-ДПМНЕ очекува истрагата да се прошири. Од партијата сметаат дека Палевски со толку кривични пријави и со говорот на омраза предолго бил толериран.
Премиерот Ковачевски им се заблагодари на меѓународните партнери за поддршката за спроведување на акцијата.
