Истрага

Првоосомничениот Палевски уапсен, побарана екстрадиција

06.12.2023 13:27

Од Србија и Бугарија до Турција – ваква била траекторијата на движење на Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски...

Од Србија и Бугарија до Турција – ваква била траекторијата на движење на Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Сега следува негова екстрадиција во земјава. Правда ги подготвува документите. Веднаш, штом Палевски ќе стапне на македонска територија, ќе биде однесен во притвор. Обвинителството соопшти дека четворица ќе се гонат за грабнување и за две убиства на свиреп начин, таткото на Вања ќе одговара за помагање при грабнување. Наташа Гркова - Петрушевска со последните информации за двојното убиство.