Избори
Пендаровски се откажува од трката за втор претседателски мандат
06.12.2023 14:34
Пендаровски денеска негативно одговори на новинарско прашање дали размислува за втор мандат...

Пендаровски не размислува да се кандидира за следен претседателски мандат. Без да даде образложение, Пендаровски денеска негативно одговори на новинарско прашање дали размислува за втор мандат.
На лидерската средба во понеделникот во Собранието, беше постигнат договор осми мај да биде датумот кога во земјава ќе се гласа на парламентарни и втор круг претседателски избори. Претходно, на 24-ти април ќе се одржи првиот круг од претседателските избори.
