Влада
Владата го утврди Предлог-законот за помилување
06.12.2023 21:05
Причина се правните празнини на сегашниот во делот на практичната примена, посочуваат од Влада...

Владата го утврди Предлог-законот за помилување предложен од Министерството за правда. Причина се правните празнини на сегашниот во делот на практичната примена, посочуваат од Влада.
Сега една од најзначајните законски измени е можноста претседателот на државата да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.
