Временска прогноза
Облачно и студено со врнежи од снег на планините
07.12.2023 08:22
Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни.

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни.
Минималната температура ќе биде во интервал од-1 до шест степени, а максималната ќе достигне десет степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите попладне ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
