Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција
Претседателот Пендаровски оцени дека воспоставувањето на дипломатските односи, во време на исклучителни политички и безбедносни турбуленции, беше дополнителна потврда за дефинитивното етаблирање на нашата држава во меѓународното семејство на народите.

Претседателот Пендаровски оцени дека воспоставувањето на дипломатските односи, во време на исклучителни политички и безбедносни турбуленции, беше дополнителна потврда за дефинитивното етаблирање на нашата држава во меѓународното семејство на народите.
Претседателот Пендаровски изјави дека, триесет години не се многу ни во еден обичен животен век на човекот, а не пак во односите меѓу државите. Инаку, оваа бројка, на некој начин може и да нè залаже. Имено, македонско – француските врски, посебно на културен план, имаат далеку подлабоки корени. Францускиот јазик на овие простори бил восприемаа како главен вектор на културно-цивилизациските вредности, слободата и напредокот.
Со цивилизираниот начин на кој ја оствари својата независност по мирен пат, Северна Македонија потврди дека е достојна меѓу наследниците – чувари на европските вредности, во чија основа е француската визија за слобода, еднаквост и братство. Повеќе истакнати француски интелектуалци и политичари, од Робер Бадентер до Жак Ширак, независно од нивната идеолошка позиционираност, знаеја да ја препознаат таа европска димензија што во самата своја суштина ја содржеше и сè уште ја содржи новата држава на Балканот.
Воспоставувањето на дипломатските односи со Француската Република, во време на исклучителни политички и безбедносни турбуленции со кои се соочувавме, беше дополнителна потврда за дефинитивното етаблирање на Северна Македонија во меѓународното семејство на народите.
Актуелниот геополитички момент, создаден со руската агресија врз Украина, но и со геополитичките поместувања на глобален план кои се во тек, кои на Европа едноставно и го наметнуваат императивот за целосно обединување, е можност за удвојување на напорите и за уште поголема посветеност во остварување на заедничката цел.
На крај додаде, пријателството меѓу државите и народите, како и меѓу поединците е доблест која треба постојано да се негува за да опстои. Да останеме посветени на одржување на блиските односи и соработката меѓу Северна Македонија и Француската Република, стои во соопштението од Кабинетот.
