Антикризни мерки
Бектеши и Шаќири на состанок со студенти од државните универзитети за новиот пакет антикризни мерки
07.12.2023 09:02
Министрите за економија и за образование и наука, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири, денеска во Министерството за економија ќе имаат состанок со претставници на студентските собранија од неколку државни универзитети во врска со деветтиот пакет антикризни мерки.

Со новиот пакет антикризни мерки, кој Владата го презентираше на 28-ми ноември, над 120 илјади ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надомест до крајот на тековната учебна, односно академска година.