Дождовите ги наполнија акумулациите

04.06.2014 09:45

Сега вода има доволно. По сушната зима и полупразните капацитети дождовите во април и мај ги наполнија акумулациите...

Вода има доволно. На добрата хидролошка состојбата влијаеа пролетните врнежи кои ги наполнија акумулациите.

Како што велат во ЕЛЕМ хидросистемите се повеќе од 70 проценти полни и може да се акумулираат дополнителни количества на вода. 

Од мај Охридско Езеро  има 0,22 метри до максимална кота, а во овој регион не се очекува поголем доток и пораст на езерските води.

Подобрената состојба покрај за производството на елекртична енергија го врати и оптимизмот кај земјоделците.

Иако на почетокот намалени, плановите  за пролетната сеидба повторно се на ниво на предвидените површини.

 

Методија Трајков