Двојно убиство

Обвинителството ќе одлучува дали ќе бара притвор за адвокатот на Палевски

07.12.2023 09:16

Тој пред неколку дена рече дека Палевски побарал од него да го однесе во Белград на лекарски прегледи и дека не знаел дека е осомничен за убиствата.

Адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, замина во Белград, на распит во полициска станица. Обвинителството денеска ќе одлучува дали ќе бара притвор за него.

Тој пред неколку дена рече дека Палевски побарал од него да го однесе во Белград на лекарски прегледи и дека не знаел дека е осомничен за убиствата.

Како што веќе соопшти МВР, од Белград, Палевски со сега приведениот Стефан Димковски, со возило „Ренџ ровер“ од Белград преку Бугарија, заминал за Турција.

Во Баликесир беше приведен од турската полиција.