ИЗРАЕЛ - ХАМАС

Израелската војска со комбиниран напад врз штабот на Хамас во Кан Јунус

07.12.2023 10:00

Премиерот Нетанјаху потврди дека го опколиле домот на лидерот на милитантната група...

Израелската војска изврши комбиниран напад врз штабот на Хамас во Кан Јонус. Премиерот Нетанјаху потврди дека го опколиле домот на лидерот на милитантната група.

Потребна е итна акција за справување со влошената хуманитарна криза во Газа, заклучок од состанокот на лидерите на Г7. Европската унија би требало да го разгледа заострувањето на санкциите на Хамас и наметнување санкции за израелските доселеници на палестинските територии.

Документот ќе се анализира на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки.