САД

Американскиот Сенат ја блокираше помошта за Украина и Израел

07.12.2023 10:00

Новиот пакет за безбедносна помош од милијарда долари за Украина и Израел, предложен од претседателот Бајден, едногласно блокиран од републиканците во американскиот Сенат...

Новиот пакет за безбедносна помош од милијарда долари за Украина и Израел, предложен од претседателот Бајден, едногласно блокиран од републиканците во американскиот Сенат. Сметаат дека гласањето е од суштинско значење за да се нагласи нивното барање за построга имиграциска политика и контрола на јужната граница.

„3/5 од сенаторите уредно избрани и подложени на заклетва, не гласаа позитивно. Предлогот не е усвоен“, изјави службеник во Сенатот.

Група демократи тврдат дека блокирањето на законот ќе испрати порака и до противниците на САД и до сојузниците дека соединетите држави не стојат покрај своите меѓународни партнери.

Претходно од Белата куќа соопштија дека новата воена помош од 175 милиони долари за Украина би била последна, доколку се прекине поддршката за Киев, а со тоа ќе му се даде на Путин токму она што тој го сака.

„Без дополнително финансирање, овие оружја ќе бидат меѓу последните што ќе ги испратиме, прекинувајќи ја поддршката и давајќи му на Путин токму она што го сака. Тоа би било само страшно, не само за народот на Украина, туку и за нашите национални безбедносни интереси и апсолутно, националните безбедносни интереси на нашите сојузници и партнери во Европа“, изјави Џон Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност.