Загинати и ранети во пукање во кампус во Лас Вегас
Напаѓачот е убиен од полицијата. Властите велат, спречена е поголема трагедија благодарение на брзата интервенција на полицијата...

Тројца загинати и еден ранет во пукање во кампус на Универзитетот во Невада, Лас Вегас. Напаѓачот е убиен од полицијата. Властите велат, спречена е поголема трагедија благодарение на брзата интервенција на полицијата.
„Го знаеме идентитетот на осомничениот, но нема да објавиме додека не се извести семејството. Повеќе нема закана за заедницата. Надвор од зградата беа собрани студенти кои играа игри и се забавуваа. Да не беа херојските постапки на еден од полицајците кој одговори брзо, можеа да бидат одземени безброј други животи“, изјави Кевин Мекмахил, Метрополитен полициски оддел во Лас Вегас.
Годинава во САД се регистрирани 80 престрелки во училиштата, од кои 29 биле на универзитетски и колеџ-кампуси.
