Фудбал

Гвардиола ќе се пензионира доколку Сити освои тројна круна

07.12.2023 10:03

Ако ја освоиме тројната круна сезонава, ќе се повлечам. Тоа е сигурно. Знам дека е многу тешко. Имаше многу неверојатни тимови во Англија, но само Манчестер јунајтед предводен од Сер Алекс Фергусон, како и ние го направиме тоа, изјави Гвардиола за „Дејли мејл“.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ќе ја заврши кариерата во 2024 година доколку тимот освои тројна круна.

Ако ја освоиме тројната круна сезонава, ќе се повлечам. Тоа е сигурно. Знам дека е многу тешко. Имаше многу неверојатни тимови во Англија, но само Манчестер јунајтед предводен од Сер Алекс Фергусон, како и ние го направиме тоа, изјави Гвардиола за „Дејли мејл“.

Минатата сезона Манчестер сити ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите. Тимот стана втор во Англија по Манчестер Јунајтед кој постигна тројна круна, а Гвардиола стана првиот тренер во историјата со две тројни круни. Првата му беше со Барселона во сезоната 2008/09.

Договорот на 52-годишниот тренер со Сити истекува во летото 2025 година.

Извор: МИА