Економија

Почнува амандманската расправа по Предлог- буџетот за 2024 година

07.12.2023 11:24

По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември.

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година, откако вчера заврши општиот претрес.

По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември.

Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и подмирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата.

За опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Предлог – буџетот е нереален, неразвоен, креиран без концепт, нема јасна визија и поставен е на основи кои се неодржливи.