Русија
5 лица загинаа при пукање во училиште во Брјанск
07.12.2023 12:07
Ученичка од основно училиште во Брјанската област во Русија, изутрина донела огнено оружје во училиштето од кое почнала да пука при што повредила петмина соученици...

14-годишна ученичка од основно училиште во Брјанската област во Русија, изутрина донела огнено оружје во училиштето од кое почнала да пука при што повредила петмина соученици, пред да се самоубие. Од здобиените повреди починала и една вработените во училиштето-соопшти регионалното Министерство за внатрешни работи.
Се претпоставува дека девојчето оружјето го зела од нејзиниот татко кој е приведен на сослушување. Мотивите за инцидентот сè уште се непознати и се испитуваат.
