Ди Џовани: Државата треба да биде сериозно загрижена од најновите резултати од ПИСА тестирањето
Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, ги повикува сите лидери на политички партии да се заложат структурните реформи во образованието да станат национален меѓупартиски приоритет...

Државата треба да биде сериозно загрижена од најновите резултати од ПИСА тестирањето коишто покажуваат уназадување во резултатите од учењето на учениците по читање, математика и природни науки.
Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, ги повикува сите лидери на политички партии да се заложат структурните реформи во образованието да станат национален меѓупартиски приоритет. Резултатите покажуваат дека 74% од 15-годишните ученици во Северна Македонија имаат слаби резултати по читање, додека двајца од тројца ученици покажуваат ниски резултати по математика и природни науки.
Земјата со години се соочува со криза во учењето, вели Ди Џовани. Се очекуваше дека пандемијата ќе ја влоши кризата во учењето и дека децата во речиси секоја земја ќе постигнат пониски резултати во учењето.
Справувањето со кризата во учењето е одговорност на сите. Собранието, Владата вклучително и Министерството за образование и наука, но исто така и Министерството за финансии, општините, училишното раководство, наставниците и родителите треба да дејствуваат веднаш, вели претставничката на УНИЦЕФ во земјава.
Фото: УНИЏЕФ
