Министерот Џафери на состанок на Северноатланскиот совет

04.06.2014 10:08

На состанокот ќе се разгледа безбедносната ситуација и процесот на транзиција во Aвганистан...

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО со земјите кои не се дел од алијансата, а придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан.

На состанокот ќе се разгледа безбедносната ситуација и процесот на транзиција во Aвганистан, а ќе стане збор и за новата мисија на НАТО за менторирање по 2014 година, „Одлучна поддршка“.

На состанокот ќе присуствуваат и министерот за одбрана на Авганистан, Басмила Кан Мохамади, високиот претставник на Европската унија, Кетрин Ештон и специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите Нации, Јан Кубиш.