Директорот на директоратот за проширување на ЕУ денеска во Македонија
04.06.2014 10:11
Даниелсон доаѓа во постизборна инспекција, прва на претставник на Брисел по изборите...

Директорот на директоратот за проширување на Eвропската унија, Кристијан Даниелсон доаѓа денеска во постизборна инспекција, прва на претставник на Брисел по изборите.
Официјалната агенда за посетата на Даниелсон на Македонија засега не е позната.
Очекувањата се дека посетата нема ништо суштински да донесе ниту во поглед на евроинтеграциите, ниту во поглед на неучеството на опозицијата во Собранието.
