МВР
Приведена скопјанка за издржување затворска казна од две години и шест месеци
07.12.2023 14:16
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги ја лишиле од слобода С.Ц.(63) од Скопје.

Денеска околу 13.30 часот на ул. „Јордан Мијалков“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги ја лишиле од слобода С.Ц.(63) од Скопје. Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, стои во соопоштението од МВР.
