МВР

Спасовски во СВР Битола: Во 2023-та намален бројот на кривични дела за 19%

07.12.2023 14:23

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на 11-те месеци од 2023 бележи намалување на вкупниот број на извршени кривични дела за 19%, а за одбележување е остварената ефикасност кај кривичните дела со непознат сторител, која изнесува 42%...

За време на посетата на седиштето на Регионалниот Центар за гранични работи Запад во Охрид, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раковдствата на МВР и БЈБ, покрај брифингот со раководствата на РЦ Запад и СВР Охрид, беше брифиран и од страна на раководството на СВР Битола, со цел увид во постигнатите резултати на оваа организациона единица.

„И Секторот за внатрешни работи Битола во текот на 11-те месеци од 2023 бележи намалување на вкупниот број на извршени кривични дела за 19%, а за одбележување е остварената ефикасност кај кривичните дела со непознат сторител, која изнесува 42%. Делата од класичниот криминал исто така се намалени, за 23%, додека постигнатата ефикасност во расветлувањето на кривичните дела е 42%. Евидентен е успехот кај ефикасното откривање на кривичните дела од имотниот криминал, при што кај тешките кражби таа изнесува 36%, кај кражбите е 49%, а кај разбојништвата високи 69%“, истакна Спасовски.

Тој сподели дека СВР Битола има одлични резултати во делот на недозволена трговија со дрога, како и во делот на реализирани превентивни активности.