Одбележување

Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе биде дел од Европската универзитетска алијанса

07.12.2023 14:24

Годинешново чествување на патронот „Св. Климент Охридски“ на второформираниот универзитет во земјава помина во знакот на признанието дека од почетокот на идната година е меѓу осумте универзитети кој ќе бидат дел од Европската универзитетска алијанса. Од УКЛО велат успехот на дел од идните академски граѓани и професорскиот кадар достоен на Светиклиментовиот аманет...

Кога ќе произведете идни академски граѓани со највисоки оценки на наобразба можете да кажете дека чествувајќи го патронот достојно го славите и современото образование и наука. Дипломираниот економист Христина Нунеска со просек 10, вели дека е задоволна што одлучила да се запише на второформираниот универзитет.

Состојби кои придонесоа УКЛО на домашниот и европскиот едукативен простор повеќе да не настапува сам.

Како дел од алијансата која ја поддржува финансиски Европската комисија ректорот очекува поголемо меѓународно промовирање.

Ректорот Неделковски за постигнатите резултати на најдобрите научни кадри додели осум признанија во три категории.

 

Стевче Митревски