Со научно-стручна расправа одбележан „Св. Климент Охридски“
„Св. Климент Охридски“ го одбележува својот патрон. Во Ректоратот научно-стручна расправа на тема, наставничката професија во современиот и образовен контекст...

Потребно е професионално усовршување на наставничката дејност и системски решенија за кои треба да се избориме сите заедно. Наставникот мора да биде активен учесник во креирањето на образовните политики. Неопходно е наставниците да ги чувствуваат реформските процеси како свои, во спротивно, нема да бидат успешно имплементирани измените и воведени иновациите, беше посочено на чествувањето на „Св. Климент Охридски“.
Просветителската дејност е соочена со бројни предизвици, особено во земјите на развој. Според министерот за образование, целта е да го подигнеме дигнитетот на професорската дејност и мотивацијата.
На чествувањето на патрониот празник на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје, беа доделени и награди на најдобрите студенти.
Александра Спировска
