САД поддржува проширување на НАТО

05.12.2013 10:04

Американскиот државен секретар Џон Кери за време на неодамнешната посета на седиштето на НАТО во Брисел разговарал и за целите на претстојниот самит на Алијансата во Велика Британија. Од Стејт департментот изјавуваат дека САД го поддржуваат проширувањето на НАТО со нови земји членки.

-Соединетите Американски Држави поддржуваат проширување на НАТО, изјави портпаролката на Стејт департментот Мари Харф одговарајќи на прашање од Македонската телевизија дали американскиот државен секретар Џон Кери ќе ја продолжи политиката на Хилари Клинтон којашто по последниот самит во Чикаго изјави дека тој ќе биде последен, без проширување.

-„САД остануваат посветени на политиката на отворена врата. Често сме зборувале за ова. Ги поддржуваме земјите аспиранти за членство во НАТО. Не ги знам деталите за што точно ќе се разговара на претстојниот самит, но, генерално, поддржуваме проширување.„ - Мари Харф-заменик-портпарол на Стејт департментот

Според Дејмон Вилсон од Атлантскиот совет во Вашингтон, идното лето САД и ЕУ ќе ги интензивираат дипломатските напори за разрешување на спорот со името за Македонија конечно да стане челнка на НАТО на септемврискиот самит на Алијансата во Велс, Велика Британија

Ирина Гелевска - Постојан дописник за МРТ од Вашингтон