Притисокот расте, се стеснува кругот
Плуфинале број 6, четврто со ред за вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на Парискиот грен слем, прво, за неговиот сензационален противник во мечот за финалето Гулбис.

Плуфинале број 6, четврто со ред за вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на Парискиот грен слем, прво, за неговиот сензационален противник во мечот за финалето Гулбис.
Раониќ го препоти и го изнамачи со неговиот убиствен сервис србинот до прагот до финалето, по одиграни три сета тесно и тешко 7:5, 7:6, 6:4) по безмалкиу дваипол часа игра. Гулбис затоа по Федерер го збриша и 6-тиот во Париз чехот Бердих неочекувано лесно(6:3, 6:2, 6:4). Гулбис, стигна до својот најголем успех на Роланд Гарос каде од 2007-мата редовно партиципира со еден блесок 2008-та кога стигнува до ¼ финалето, се останата значи елиминација прво или второ коло. Досега со Ѓоковиќ имаат одиграно 5 пати со 4 триумфа на Новак.
Денеска го добиваме вториот ½ финален двоец, а за него ќе играат во супер меч двајца шпанци, едниот, кралот на црвеницата особено Париската, Рафаел Надал и супер сонародникот Ферер. ¼ финалниот меч број два го нудат домашниот тенисер Монфис со 7-миот по ранг Мареј, темпераментот на обата тенисери наговестува интересен дуел.
Кај дамите за полуфинале број четврто во низ се избори Шарапова преку супер изненадувањето шпанката Мугуруза, која ни на русинката не и даде простор за опуштање па преку три сета(1:6, 7:5, 6:1) Шарапова оди во меч за финале, каде ја чека канадската тенисерка Бушар.
Место во предпоследниот ден на Роланд Гарос денеска бркаат, 4-тата Халеп со некогашната освојувачка на Париз, Кузнецова(27). По истото тргнуваат и италијанката Ерани како 10-ти рекет и ланската финалистка, а победничка 2009-тата, патем и освојувач на првиот грен слем годинава Австралискиот, против германката Петковиќ со реден број 28.