Стојков пуштен дома, истрага за возачот на Палевски
Обвинителството отвори истрага за возачот на Љупчо Палевски кој му помогнал да побегне од Македонија. Адвокатот Стојков избегна притвор бидејќи истражните органи сметаат дека нема основ. Спасовски најави дека истрагата може да биде проширена. Мицкоски го привлече вниманието на јавноста со изјавите дека истрагата за малата Вања почнала предоцна а тој имал докази за тоа. Премиерот Ковачевски го повика лидерот на опозицијата да го достави доказите до МВР...

Адвокатот Васко Стојков по неколку часовниот распит во полициска станица замина дома. За него јавен обвинител оценил дека не постои основ да бидат предложени мерки за обезбедување, но проверките за негова евентуална инволвираност во кривичното дело продолжуваат, информираат од скопското Обвинителство. За 46-годишникт кој го однел Палевски од Србија, преку Бугарија до Турција, Обвинителството поведе истрага за помагање на сторител по извршено кривично дело. Побарано е од судија на претходна постапка да му се одреди мерка притвор, затоа што му истекува 48-часовниот.
Министерот Спасовски посочи дека сè уште се собираат докази, а не се исклучува можноста истрагата да биде проширена.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, истрагата за Вања почнала предоцна, а за тоа имал и информации.
Премиерот Ковачевски пак, го повика Мицкоски, доколку има докази да ги достави до МВР или до Обвинителството. Во спротивно вели, прикривање на докази е кривично дело.
Возилото со кое е киднапирана Вања, 3 дена било на скопските улици, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат Спасовски да одговори, зошто не е детектирано од „Сејф сити“, а е пријавено уште на 22-ри. Се сомневаат дека МВР направило пропусти.
Обдукцијата заврши, но како што велат во Обвинителството, во интерес на истрагата, анализите ќе бидат соопштени кога ќе почне судската постапка.
Наташа Гркова Петрушевска
