Рациново признание за Паскал Гилевски
Романот во кој главните ликови се неговите родители на писателот Паскал Гилевски му го донесе највисокото Рациново признание. Од 22-те пристигнати дела жири комисијата се одлучила за „Посмртна венчавка“, роман чиј драмски набој е рефлектиран во многу македонски семејства кои го доживеале егзодусот на македонците од Егејска Македонија...

Писателот Паскал Гилевски, со романот „Посмртна венчавка“ е добитник на годинешното Рациново признание. Преку голготата на сопственото семејство тој го прижува егзодусот на многу македонци, за кои поезијата на Рацин била огледало на родниот дом.
„Ние како деца во домовите за Македонија знаевме преку песните на Кочо Рацин.Но на сите поезијата на Кочо Рацин ни беше големата духовната врска со татковината“, рече писателот Паскал Гилевски.
На 12-ти јуни започнуваат 51-те Рацинови средби. Годинава тие се во знакот на 13-та или денот на погибјето на великанот на македонската култура. Организаторите покрај традиционалната Бесада за Рацин, најавуваат нови содржини.
„Се водевме пред се од потребата да се струши херметизмот на оваа поетска манифестација и наместо неколку расцепкани културно уметнички настани кои се случуваат на различни места да направиме еден настан со обединувачки карактер“, изјави Васил Зафирчев, автор на уметничкиот дел од Рациновите средби.
„Во кафулињата ќе поделиме пораки со љубовна поезија и цедиња со најубавата љубовна поезија на Рацин за во неделата пред средбите сите да го доживеат неговото уметничко крдо“, истакна Славчо Чадиев, градоначалник на општин Велес.
За афирмација на македонскиот јазик и литература, Тања Ступар Трифуниќ го добива почесното Рациново признание, кое годинава патува во Босна и Херцеговина.
Дијана Иванова
