Криволак
На полигонот „Криволак“ воена вежба “Храбар партнер 23“
07.12.2023 18:44
Припадници на американската Армија заедно со македонските армиски сили ја реализираат вежбата „Храбар партнер 23“ на полигонот „Криволак“ …

180 припадници на американската Армија за Европа и Африка со поддршка на припадниците на македонската Армија ја реализираа вежбата „Храбар партнер 23“ на полигонот „Криволак“.
Оваа воена вежба која за кратко беше планирана ќе го засили регионалното партнерство, готовноста и интероперативноста во реална мултинационална околина.
Во рамките на вежбата беше изведено гаѓање од оклопни транспортери од типот „stryker“, што согласно со планот за модернизација, ќе бидат набавени за Армијата.
„Криволак“ е деклариран НАТО полигон за вежби и на сојузничките армии.
Ирина Гелевска
