МТСП

МТСП: „Сложувалка“ ја завршивме со руралните жени

07.12.2023 19:10

Завршен настан од кампањата „Сложувалка“ организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика заедно со Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА во РСМ со поддршка на Британската Амбасада во Скопје...

Завршен настан од кампањата „Сложувалка“ организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика заедно со Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА во РСМ со поддршка на Британската Амбасада во Скопје. На панел дискусијата „Жените во рурална средина – развој, зајакнување и сопирање на родово-базирано насилство“ се обратија Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска и земјоделката од беровското село Будинарци, Вангелина Пармачка, додека настанот го затвори Амбасадорката на САД во РСМ, Анџела П. Агелер.

„Во средината каде најголем дел од жените се вклучени во земјоделието и каде имаме најискористени фондови ја одржавме последната трибина во рамки на 16 денови активизам за борба против насилство. Вклучувајќи се во оваа глобална кампања со „Сложувалка“ реализиравме голем број на активности, а денес имам чувство дека конечно ја составивме сложувалката. Ги вклучивме сите институции и ги опфативме сите жени“ рече Тренчевска.

Министерот Николовски зборуваше за заложбите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на економско зајакнување на жените од руралните средини.

Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат жените во руралните средини и за успесите кои федерацијата ги има достигнато заедно со МЗШВ и МТСП.

На панел дискусијата последна се обрати земјоделката од беровското село Будинарци, Вангелина Пармачка која ја раскажа својата приказна. Таа зборуваше за нејзините почетоци и вклучувањето во земјоделието. За осудувачките зборови од нејзините блиски и луѓето од нејзиното село, но и за нејзината упорност за да може да успее како жена земјоделка.

На настанот воедно беа прочитани и реални приказни на жени од руралните средини кои имаат претрпено насилство.

Настанот го затвори амбасадорката на САД во РСМ, Анџела П. Агелер, таа ја истакна својата поддршка за Министерството за труд и социјална политика и истакна дека насилствово е особено важно прашање за кое треба да се зборува и да се подига свеста. Таа повика на повторни средби и плодни дискусии на оваа тема.