Средба Маричиќ-Шинас
Фокусот на средбата беше на успешното завршување на скрининг процесот за Северна Македонија и следните чекори кои мора да се преземат во однос на спроведување на реформите за успешно реализирање на нашиот евроинтегративен пат...

Заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања попладнево на работна средба со Маргаритис Шинас, Комесарот за промовирање на европски начин на живеење.
Фокусот на средбата беше на успешното завршување на скрининг процесот за Северна Македонија и следните чекори кои мора да се преземат во однос на спроведување на реформите за успешно реализирање на нашиот евроинтегративен пат.
Поддршката која ја добиваме од нашите стратешки партнери од Европската Комисија е најсилната страна од нашата соработка. Следните чекори кои мора да се преземат се одговорноста за усвојувањето на уставните измени и спроведувањето на реформите за успешно реализирање на евроинтеграцијата.
Комесарот Шинас му честиташе на Вицепремиерот Маричиќ за успешното завршување на скрининг процесот со залагање за понатамошна соработка во реализација на Планот за раст, спроведувањето на реформите со цел реализација на европската агенда за Северна Македонија.
