Автопатот Миладиновци- Штип отвара нови бизнис можности

04.06.2014 10:41

Изградбата на автопатот Миладиновци- Штип многу ќе им го олесни животот на жителите од овој регион, но ќе значи и зголемен економски развој не само за регионот туку и за цела држава...

Mожности за отварање на нови бизниси и заживување на селата ќе придонесе изградбата на новиот автопат Миладиновци –Штип. Жителите на Миладиновци се веќе раздвижени и имаат броји идеи за отпочнување на мали бизниси, привлекување на нови инвестирори како и развој на транзинтиот туризам покрај новиот автопат. Од друга страна изградбата на ова делница ќе заштеди на време и пари и ќе го олесни патувањето и поврзувањето со Источна Македонија.

„Може да се отварат продавници, кафичи, некој мотел, со тоа нашето село ќе се популаризира, со тоа што луѓето што ја минуваат ова делница ќе застанат тука... Кога би патувале за Свети Николе со новиот автопат ќе скратиме 40 километри и тоа е голема  предност за граѓаните“, велат жителите на Миладиновци.

Пробиени се и тампонирани околу 4 километри од новиот автопат. Машините на градежните фирми моментално работат на пробивање на патот со рушење на карпи и рамнење на теренот и спроред нив работата се одвива според предвдениот план и динамика.

Трасата за новиот автопат ќе биде со должина од 49 километри, широчина 29 метри. Изграден според сите стандарди, неговата реализација ќе чини 206 милиони денари.

Миладиновци- Штип е првиот автопат кој се град во Источна Македонија, чија реализација започна во февруари и претставува капитален проект за жителите од овој дел на државата.

Откако ќе биде завршен за три години, од Скопје до Штип ќе се стигнува за само половина час.

 

Габриела Димковиќ