Македонија

Денеска се чествува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски

08.12.2023 08:17

Централниот настан за одбележување на празникот ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Синоќа по повод 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски беше одржана свечена академија во Музејот на македонската борба во Скопје...

Денеска се одбележува денот посветен на просветителот Свети Климент Охридски – духовен и интелектуален стожер на македонската и сесловенската писменост, првиот македонски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Во Соборниот храм во Скопје, кој го носи името на патронот на Македонската православна црква ќе се одржи света божествена литургија.

Централниот настан за одбележување на празникот ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Синоќа по повод 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски беше одржана свечена академија во Музејот на македонската борба во Скопје.

Во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ која се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.