мвр

254 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење

08.12.2023 09:09

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 254 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.