Влада

Ковачевски ќе се обрати по повод одбележување на државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски

08.12.2023 08:20

Централниот настан за одбележување на празникот ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје...

Владата на Република Северна Македонија, под мотото „Свети Климент Охридски, извор на нашата духовност и образование“, денеска со пригоден настан ќе го одбележи државниот празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.

Централниот настан за одбележување на празникот ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Одбележувањето на државниот празник ќе започне со положување свежо цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски на платото пред НУБ „Свети Климент Охридски“. Владината делегација ќе ја предводи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а во состав на делегацијата се Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.