Анкета

Граѓаните се незадоволни од транспарентноста и отчетноста на институциите

08.12.2023 10:05

Довербата во институциите се движи од ниска кон умерена, и нема институција во државата која ужива висока доверба...

Граѓаните се незадоволни од транспарентноста и отчетноста на институциите, покажува истражувањето на Институтот за комуникациски студии, изработено преку телефонска анкета, спроведена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, на репрезентативен примерок од илјада испитаници, во периодот од 20-ти октомври до 14-ти ноември. Довербата во институциите се движи од ниска кон умерена, и нема институција во државата која ужива висока доверба.

На скала од 1 до 10, најдобар скор има Армијата со 4,9. Најниска доверба имаат судовите и Обвинителството. Владата има 2,8; Собранието 2,7; a претседателот 3,7. Помалку од 1 процент од граѓаните сметаат дека пратениците секогаш се грижат за граѓаните што ги претставуваат, ниту па веруваат дека законите што се носат се во нивен интерес.

Речиси две третини од учесниците, не сметаат дека Владата работи отворено и етички, а велат и оти честопати се бараат изговори за функционерите кои се однесуваат несоодветно.