Силни детонации ноќеска во Ротердам- се запали петрохемиски комплекс на „Шел“
Надлежните служби соопштија дека нема исчезнати или повредени, иако експлозијата се случила за време на смена на вработените...

Силни детонации го потресоа ноќеска Ротердам - се запали петрохемиски комплекс на компанијата Шел. Надлежните служби соопштија дека нема исчезнати или повредени, иако експлозијата се случила за време на смена на вработените.
Пожарот брзо изгубил на интензитет, но причината за неговото избувнување за сега не е позната.
Операцијата за отстранување на последиците од инцидентот е во последната фаза, соопшти претставник на противпожарната служба.
Експлозиите во фабриката довеле до ослободување на етилбензол, што може да предизвика силна дразба на очите и кожата, соопштија локалните власти. Тие на жителите им препорачаа да ги држат затворени прозорците од домовите и да не ги вклучуваат климатизерите.
