САД
Ново обвинение против Хантер Бајден
08.12.2023 09:57
Обвинението содржи девет точки – три за даночни престапи и шест за даночни прекршувања...

Синот на актуелниот американски претседател, Хантер Бајден се соочува со ново обвинение за четиригодишно даночно затајување во вредност од околу 1,4 милиони долари-соопшти Министерството за правда. Обвинението содржи девет точки – три за даночни престапи и шест за даночни прекршувања. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со максимална затворска казна од 17 години.
Претходно во октомври, Хантер Бајден се изјасни за невин по обвиненијата дека лажел дека не користел дрога додека купувал пиштол. За првпат во САД е обвинет син или ќерка на актуелен претседател.
