Руско-украински конфликт
Продолжуваат руските напади во Украина
08.12.2023 10:34
Најмалку едно лице е повредено во нападот...

Источноукраинскиот град Харков погоден од неколку руски проектили – соопштија украинските власти. Најмалку едно лице е повредено во нападот. Во јужните и источните региони во земјата и натаму се водат жестоки борби. Сирени се огласија и во Киев.
Во истовреме, Русија тврди дека е уапсен украински агент кој разнесе два воза во Сибир како дел од саботажата против руската инфраструктура.
