Дипломатија
Турција и Грција со декларација за соработка
08.12.2023 10:51
Двете страни се согласија да се фокусираат на остварување добри односи, отворени комуникации, да ја поттикнат трговијата и да работат на прашања што ги делат, особено во Егејското Море...

Атина и Анкара вртат нова страница во односите и потпишаа декларација за билатерална соработка. „Ајде да разговараме гледајќи ја чашата полуполна“ – изјави турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој пристигна во грчката престолнина за прв пат по 6 години. Двете страни се согласија да се фокусираат на остварување добри односи, отворени комуникации, да ја поттикнат трговијата и да работат на прашања што ги делат, особено во Егејското Море.
Грција, исто така, доби дозвола од ЕУ да ја обнови 7-дневната туристичка виза за турските посетители на 10 острови во близина на турскиот брег.
