Г-7 ќе дебатира за украинската криза и односите со Москва
Рускиот претседател Владимир Путин нема да се сретне со американскиот колега, но ќе има билатерални разговори со други светски лидери...

Лидерите на Г-7 земјите на дводневен самит ќе разговараат за украинската криза и односите со Москва.
Средбата што требаше да се одржи во Сочи, со Русија како осма членка, беше презакажана во Брисел, откако седумката реши да ја исклучи по анексијата на Крим. Планирана е средба на претседателот на САД, Барак Обама, кој е на европска турнеја, со новиот украински претседател Петро Порошенко.
На обележувањето на 70-годишнината од Десантот на Нормандија, рускиот претседател Владимир Путин нема да се сретне со американскиот колега, но ќе има билатерални разговори со други светски лидери.
Во рамките на санкциите против Москва, Европската Унија го запре проектот Јужен тек, но можни се кривични пријави против Бугарија ако ја продолжи изградбата.
