Заврши скринингот, достава на клучните документи
Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека во изминативе 15 месеци биле ангажирани повеќе од илјади луѓе и над 200 институции за да се процени подготвеноста на земјава за европската интеграција...

Заврши скринингот. Со ова е комплетирана првата фаза од преговорите за членство на земјава во Европската унија. Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека во изминативе 15 месеци биле ангажирани повеќе од илјади луѓе и над 200 институции за да се процени подготвеноста на земјава за европската интеграција.
До крајот на годинава, Скопје треба да ги достави сите клучни документи, обврска којашто произлегува од преговарачката рамка: Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.
Одржувањето на втората меѓувладина конференција е условено од носењето на уставните измени. Според вицепремиерот Маричиќ, одложувањето на процесите е губење на скапоцено време.
