мвр

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

08.12.2023 17:42

При извршен претрес од полициски службеници во домовите и помошните простории на И.В. А.Р. и Б.А., по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и таблетки...

На 06.12.2023 полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани ги лишиле од слобода И.В.(26), А.Р.(24) и Б.А.(22), тројцата од Кочани. При извршен претрес од полициски службеници во домовите и помошните простории на И.В. А.Р. и Б.А., по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и таблетки.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.