ВМРО-ДПМНЕ: Да се чува делото на Св. Климент Охридски
За придонесот и за континуитетот од Св. Климент Охридски до денес, трибина одржа и опозициската ВМРО-ДПМНЕ …

Аманетот на Свети Климент Охридски да го следиме, да бидеме посветени кон добрите дела и ревносно да работиме за доброто на својот народ – како прв словенски епископ, Климент Охридски го посветил својот живот на просветување и просветлување на народот, во правење епохални дела кои траат повеќе од еден милениум, и во директно соживување со својот народ и во добро и во зло, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибината по повод празникот.
Историчарот Марковиќ се осврна на придонесот на Св. Климент за историскиот и културолошкиот код во создавање на македонскиот јазик.
Делото на Св. Климент Охридски својот никулец го имало во македонската земја, и затоа Македонија мора да остане најголемиот чувар на тие вредности, порачаа учесниците на трибината.
Игор Панов
