ин мемориам

Почина Митко Печников, поранешен вработен во МРТ

08.12.2023 17:07

Тој целиот свој работен век го помина како тон-мајстор во Македонска радио-телевизија, и со несебична работа и посветеност ги собра сите телевизиски награди на полето на тонската продукција...

По тешко боледување, почина нашиот драг колега, пензионер Митко Печников. Тој целиот свој работен век го помина како тон-мајстор во Македонска радио-телевизија, и со несебична работа и посветеност ги собра сите телевизиски награди на полето на тонската продукција.

Последен поздрав и сочувство ќе се изрази утре, в сабота, на градските гробишта во Бутел од 12.00 часот.